Connect with us

Проклетата 2020 година продолжува со црн биланс: Почина Жерар Улие

Проклетството на 2020 година продолжува да ги зема луѓето од светот на фудбалот. Почина Жерар Улие, прославениот француски стратег, поранешен селектор на „триколорите“, тренер на ПСЖ, Олимпик Марсеј, Ливерпул…

Улие починал утрово во својот дом на 73-годишна возраст, откако вчера бил отпуштен од клиниката во Париз каде му била извршена операција на главната аорта.   

„Минувам низ тежок период, но ќе бидам добро“…Ова беа неговите последни зборови искажани за француските медиуми непосредно пред да замине на операцијата. Тој имаше дсифункција на главната аорта од 2001 година и неколкупати мораше клинички да ја лекува. 

Жерар Улие беше еден од најистакнатите фудбалски стратези во изминитате четири децении, остави траен белег на развојот на фудбалот во Франција, но и во целиот свет. Беше селектор на Франција во 1992 година, претходно го водеше ПСЖ, а најмногу остана на кормилото на Ливерпул, во периодот од 1998 до 2004 година. 
 
Пред неколку дена во Италија почина легендарниот голгетер Паоло Роси, а претходно светот беше потресен од смртта на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови