Францускиот интернационалец Пол Погба речиси сигурно ќе остане на „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната. Тој не е премногу среќен со минутажата и статусот што го добива во Манчестер Јунајтед, но неговиот агент Мино Раиола вели дека многу тешко се прават големи трансфери во зимскиот преоден рок.
„Погба ќе има добра иднина, го бараат неколку големи европски клубови. јас искоментирав за неговиот статус, но во Англија се многу чувствителни кога се работи за Погба. Размислуваме за трансфер на лето, бидејќи големите фудбалери многу тешко ги менуваат клубовите во јануари. Погба речиси сигирно останува во Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната“, изјави Раиола.
Пол Погба најверојатно по завршувањето на сезоната ќе се врати во Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













