
Полскиот интернационалец Роберт Левандовски во 2013 година од Борусија Дортмунд се пресели во Баерн Минхен и го направи досега најдобриот „фри-трансфер“ во историјата на фудбалот. Голгетерот на „милионерите“ по истекот на договорот со Борусија Дортмунд потпиша договор со Баерн Минхен и продолжи да испишува историја со најтрофејниот германски клуб.
Пред 25 години, фудбалот потполно се промени, откако релативно непознатиот Жан-Марк Босман во судот во Луксембург го доби судскиот спор докажувајќи дека не е сопственост на клубот затоа што неговиот договор е истечен. Тој не направи голема кариера, напротив, пропадна како фудбалер, а потоа му се оддаде и на алкохолот во кој бараше утеха, но им помогна на фудбалерите веќе да не бидат робови, класилна сопственост на клубовите и потрошна роба. После 15 декември 1995 година, фудбалот веќе не е ист.
Оттогаш, правилото на Босман го користат најголемите европски клубови, мајстор за ваков вид на трансфери стана италијанскиот првак Јувентус, а огромен број познати фудбалери направија трансфери, како Андреа Пирло, Роберто Баџо, Стив Мекманаман, Патрис Евра, Виктор Валдес, Михаел Балак…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
