
Легендарниот Диего Марадона ќе добие статуа пред стадионот на Наполи кој од неодамна го носи неговото име. Тој беше вистинско фудбалско божество во Неапол и вечно ќе остане во срцата на „наполитанците“. Диего Марадона почина на 25 ноември две седмици откако му беше опериран хематом во мозокот.
Италијанските медиуми откриваат дека в петок и официјално ќе отпочне процесот во градот Наполи за поставување на статуа на Диего Армандо Марадона. Советникот за спорт во градското собрание на Неапол, Чиро Бориело, и советничката за култура, Елеонора де Мајо, ја отпочнаа иницијативата, Градот Неапол даде дозвола за градба и в петок треба и официјално да стартува проектот за поставување на биста на легендарниот фудбалер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski