Англискиот премиерлигаш Астон Вила донесе одлука целосно да го затвори тренинг-центарот, а откажан е денешниот тренинг на тимот поради голем број на позитивни случаи во клубот. Значителна бројка на позитивни тестови имало кај сениорскиот погон вклучувајќчи и членови на стручниот штаб.
„Поголем број позитивни тестови на коронавирус се појавија по рутинското тестирање на тимот и на стручниот штаб. Веднаш беше направено и второ тестирање кое покажа уште поголем број на позитивни случаи на коронавирус. Првиот тим го откажа тренингот во пресрет на утрешнот меч од ФА купот на Англија против Ливерпул“, се вели во соопштението на Астон Вила.
По ова, најверојатно ќе биде и одложен натпреварот од ФА купот на Англија меѓу Астон Вила и Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













