
Легендарниот холандски напаѓач Руд ван Нистелрој, од следната сезона ќе добие шанса многу посериозно да се наметне и како тренер. Холандскиот клуб ПСВ Ајндховен потврди дека Ван Нистелрој од следната сезона, почнувајќи од 1 јули ќе го предводи вториот тим на славниот холандски клуб кој се натпреварува во втората лига на Холандија.
Ван Нистелрој веќе неколку години е тренер во младинските селекции на ПСВ Ајндховен, но сега првпат добива шанса да работи самостојно во сениорска конкуренција. Тој досега беше учител на младите фудбалери на ПСВ, гио тренираше тимовите У-18 и У-19.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski