Холандскиот гигант ПСВ Ајндховен сака да го има Тоби Алдерверелд во одбраната на тимот за вториот дел од сезоната и трката за шампионската титула со Ајакс. Неговиот договор со англискиот премиерлигаш Тотенхем истекува на крајот од сезоната, а раководството на ПСВ го сака шест месеци порано за да донесе искуство и квалитет во дефанзивниот дел од составот.
Белгиецот нема полна минутажа кај Жозе Мурињо во Тотенхем, веже и јасно дека ќе го напушти Лондон во јуни, па сега ПСВ Ајндховен кова план како да го добие до крајот на јануари. Холанѓаните се подготвени да платат 5 милиони евра во овој момент за потписот на Алдерверелд.
ПСВ оваа зима тргна и по напаѓачот на Вест Хем, Себастијан Халер и за него ќе одвои 25 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













