Германскиот и европски првак Баерн Минхен доживеа голем шок на гостувањето во Менхенгладбах. Тимот на Ханси Флик имаше водство од 0-2 по неполн половина час на „Борусија парк“, но на крајот загуби со 3-2.
Роберт Левандовски во 20.минута го доведе Баерн Минхен во водство, а шест минути подоцна Леон Горецка зголеми на 0-2. Но, Борусија Менхенгладбах не се предаде.
Со двата гола на Јонас Хофман во 36. и во 45.минута израмни на 2-2 до полувремето.
На самиот старт на вториот дел, Флоријан Нојхаус се погрижи за целосен пресврт, а Баерн Минхен немаше одговор до крајот.
Баерн Минхен и понатаму е лидер со 33 бода, но Лајпциг може до врвот ако успее да ја совлада Борусија Дортмунд во дербито на колото.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













