Ветеранот Фабио Квалјарела отпаѓа од комбинација да биде ново засилување на Јувентус. Тој, како што информираат италијанските медиуми, ја отфрлил можноста да се пресели во Торино во зимскиот преоден рок. Сака да и помогне на Сампдорија до крајот на сезоната.
Тренерот на „старата дама“, Андреа Пирло, се обиде да го доведе во Јуве како поддршка во навалната линија за Роналдо и Дибала. Но, Квалјарела се заблагодарил на повикот.
„Сакам да останам во Сампдорија и да ја завршиме сезоната на најдобар начин. Петта година сум во Џенова и многу сум приврзан за фановите и за клубот“, изјави Квалјарела.
Тој од 2016 година одигра 167 натпревар во дресот на Самп и постигна 78 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













