Connect with us

Мурињо го сака Едер Милитао во Тотенхем

Тотенхем сака да остане во трка за титулата во Премиер – лигата, а Жозе Мурињо сака помош од Мадрид. Тој се обидува да го доведе одбранбениот фудбалер Едер Милитао во Лондон. Тотенхем го сака на позајмица до крајот на сезоната со опција за комплетно откупување на договорот. Тој не добива голема шанса во тимот на „кралевите“, а Мурињо смета дека би бил од голема помош за него во Тотенхем.

Но, Реал Мадрид се уште нема јасен став по ова прашање поради оддолжените преговори со капитенот Серхио Рамос. Доколку тој не потпише нов договор, тогаш Зинедин Зидан би сакал да го има Милитао на „Сантијаго Бернабеу“.  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови