Connect with us

Милан го прескокна и Торино на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Милан продолжува во победнички стил во Серија А. Тимот на Стефано Пиоли стигна до 12. триумф совладувајќи го Торино 2-0 на „Сан Сиро“.

Рафаел Леао го отвори резултатот во 25.минута, а Франк Кеси од пенал зголеми на 2-0 во 36.минута. Милан го доби назад и Златан Ибрахимовиќ кој се опорави од повредата. Тој влезе во финишот на дуелот на местото на стрелецот Рафаел Леао. 

„Росонерите“ имаат 40 бода, четири повеќе од Интер кој утре и гостува на Рома.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови