Пари Сен Жермен го оствари првиот триумф под раководство на новиот стратег Маурисио Покетино. На „Паркот на принцовите“ падна Брест со убедливи 3-0.
Сега „светците“ се доближија на само бод до лидерот Лион, а триото го дополнува и Лил на третата позиција.
Моисе Кин во 16.минута го постигна водечкиот гол за ПСЖ. На убедлив триумф се чекаше до самиот крај. Мауро Икарди и Пабло Сарабија постигнаа голови во 81. и во 83.минута за да му подарат прва победа на Покетино.
Лион одигра 2-2 на гостувањето против Рен, а Лил славеше минимално 0-1 на гости против Ним.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













