Рома успеа да извлече реми (2-2) против Интер на „Олимпико“ откако израмни со голот на Џанлука Мансини во 86.минута од натпреварот. Во натпревар со многу пресврти, на крајот за двете екипи по еден бод.
„Волчицата“ поведе со голот на Лоренцо Пелегрини во 17.минута, а Интер направи пресврт на стартот на второто полувреме. Милан Шкриниар во 56.минута и Ашраф Хакими во 63.минута го свртеа резултатот во корист на Интер. Но, Мансини не дозволи „нероаѕурите“ да заминат со три бода од Рим.
Интер е второпласиран со 37 бода, три помалку од лидерот Милан, а Рома се наоѓа на третата позиција со 34 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













