Connect with us

Левандовски, очекувано, најдобар спортист за 2020 во Полска

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, е избран за најдобар спортист на Полска во 2020 година. Тоа е и повеќе од очигледно со оглед дека Левандовски ја доби наградата „The Best“ на ФИФА за најдобар во светот за изминатата година, како и признанието на „Глоуб сокер авордс“. 

Полскиот фудбалер по вторпат во кариерата е избран за најдобар спортист на својата држава. На второто место во изборот се најде тенисерката Ига Швонтек која сензационално го освои Ролан Гарос, а ски-скокачот Камил Штох го освои третото место. 

Левандовски во 2020 година освои пет титули со Баерн Минхен. Стана шампион на Германија, го освои Купот, го подигна трофејот во Лигата на шампионите, како и Суперкупот на Германија и Суперкупот на Европа. 

 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови