Италијанскиот првак Јувентус ја оствари третата последовна победа во Серија А, но тешко остварена против Сасуоло (3-1) на домашен терен иако имаше играч повеќе од крајот на првото полувреме кога беше исклучен Педро Обијанг за груб фаул над Киеза.
Бразилецот Данило во 51.минута со удар од далечина ја проби одбраната на Сасуоло, но возврати Џереми Дефрел по одлична акција на гостите осум минути подоцна. Роналдо и Кулушевски имаа шанси за водство, но на крајот Арон Рамзи постигна погодок за ново водство во 82.минута по центаршутот на Фработа од левата страна. Во судиското продолжение, и Кристијано Роналдо конечно се запиша меѓу стрелците за триумф на „старата дама“.
Јувентус сега има 33 бода на четвртата позиција, но и меч помалку, а во следното коло му гостува на Интер. Проблем за Андреа Пирло ќе бидат и повредите на Дибала и Меккени кои се повредија на вечерашниот дуел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













