Шкотскиот првак Селтик помина шест дена во Дубаи користејќи ги одличните услови за мини тренинг – камп, но по враќањето дури 16 луѓе, 13 фудбалери и тројца членови на стручниот штаб мораат да заминат во изолација. Причината е еден случај на позитивен тест на коронавирус поради кој сите кои имале близок контакт ќе мораат да бидат изолирани. Ова секако не беше во плановите на тренерот Нил Ленон.
Дефанзивецот Кристофер Џулиен покажал позитивни симптоми на Ковид-19, по што целата стратегија за подобри подготовки во Дубаи целосно пропадна.
Селтик вечерва треба да одигра натпревар од првенството на Шкотска против Хибернијан и ќе биде значително ослабен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













