Англискиот првак Ливерпул сака да го задржи Вирџил ван Дајк уште долго на „Енфилд Роуд“. Холандскиот интернационалец ќе ја пропушти оваа сезона поради тешката повреда на коленото, но клубот сака да му стави до знаење дека има целосна поддршка и раководството сака да го задржи до 2025 година.
Актуелниот договор на Ван Дајк со Ливерпул има важност до јуни 2023 година, а Ливерпул сака да го „врзе“ за наредните пет години и да ги откаже европските гиганти кои се надеваат дека би можеле да го добијат одличниот дефанзивец во 2022 година, доколку тој влезе во последна година од соработката со „црвените“.
Пари Сен Жермен, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед не би штеделе пари за да го доведат најдобриот светски дефанзивец во своите редови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













