Англискиот премиерлигаш Челси се вклучува во трката за ангажман на Дајот Упамекано, дефанзивецот на Лајпциг, кој е еден од најбараните одбранбени фудбалери на трансфер-маркетот. Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Ливерпул исто така се сериозно заинтересирани да го доведат Упамекано, но раководството на Челси се надева дека ќе реагира побрзо од конкурентите и ќе го придобие младиот Французин.
Лајпциг одреди отштета од 42 милиони евра во клаузулата од договорот на Упамекано кој има важност до јуни 2023 година. Челси доведе неколку големи засилувања пред стартот на сезоната, но тимот на Франк Лампард се уште функционира според планот.
Челси се наоѓа на деветтата позиција со 26 бода, седум помалку од Ливерпул и од Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













