Интер и Антонио Конте ќе се разделат на крајот од сезоната, откриваат медиумите на Апенините. „Нероаѕурите“ оваа сезона ја „ловат“ шампионската титула и без разлика дали ќе успеат или не, многу веројатна е разделбата со тренерот Антонио Конте.
Тој е незадоволен поради малото влијание што го има кон раководството на клубот и трансферната политика, сите конци во таа насока ги влече спортскиот директор Џузепе Марота. Од друга страна, во Интер сметаат дека Конте има катастрофални проценки за нови фудбалери, а најголема врева се крева околу заминувањето на Кристијан Ериксен кој беше доведен како големо засилување, а речиси и да не заигра во континуитет во дресот на Интер.
„Не ми треба никој“, одбруси Антонио Конте на новинарско прашање околу можните засилувања на Интер во јануарскиот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













