
Одбраната на тројната круна за Баерн Минхен во новата сезона многу брзо се распадна како меур од сапуница. Европскиот и германски првак доживеа шокантна елиминација во 1/16-финалето од Купот на Германија, нешто што не му се случило на Баерн Минхен повеќе од 20 години.
Тренерот Ханси Флик не може да верува, Баерн Минхен го делеа секунди од пласман понатаму уште во регуларниот тек од мечот.
„Ова е за нас вистински шок, не можам да поверувам дека испаднавме. Мораме да имаме подобра дефанзивна компактност, Уште еднаш се покажа дека не браниме добро одредени ситуации на противниците и повторно се појавија идентични грешки како и на други натпревари. Но, мораме да прејдеме преку ова и да продолжиме напред“, изјави Ханси Флик.
Баерн Минхен го загуби трофејот во Купот на Германија, но се уште е во игра за три големи пехари, Бундес-лигата, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
