
Италијанскиот калчолигаш Милан сака да го задржи турскиот интернационалец Хакан Чалханоглу на „Сан Сиро“ и по завршувањето на сезоната. Раководството на „росонерите“ подготви понуда од 4 милиони евра по сезона за одличниот играч за врска и се надева дека тој ќе се согласи и понатаму да остане во Милано.
Оваа сезона се е поинаку во Милан, атмосферата е позитивна, тимот е на лидерското место во Серија А и веројатно и тоа ќе биде одлучувачки фактор за Чалханоглу да се премисли откако претходно најави дека ќе си замине по завршувањето на сезоната. Но, доколку Милан го освои „скудетото“, ќе биде престижно да се носи дресот на „росонерите“.
За Чалханоглу, кој во јуни би бил слободен агент, се интересираат Манчестер Јунајтед, Јувентус и ПСЖ, но Милан верува дека сепак ќе успее да го „врзе“ во наредниот период и дека турскиот фудбалер ќе продолжи да настапува на „Сан Сиро“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski