
Италијанската убавица Дилета Леота која работи како спортска новинарка за „DAZN“ ја прославила новогодишната ноќ со Златан Ибрахимовиќ, пишува магазинот „Oggi“. Оваа интересна вест експресно се прошири и низ најпознатите италијански спортски гласила кои дополнија и сочни детали.
Дилета Леота го поканила Златан Ибрахимовиќ во својот дом, тој пристигнал околу 21.20 часот, а светлата биле запалени околу дваесетина минути по полноќ.
„До утрото веќе не се запалија светлата во домот“, пренесува магазинот изјава од анонимен извор, сосед на Дилета Леота.
Златан Ибрахимовиќ и Дилета Леота се запознаа пред неколку месеци кога заедно снимаа реклама и оттогаш Италијанците пишуваат дека нешто се случува меѓу нив. Златан Ибрахимовиќ е сам во Италија, неговата сопруга и синовите се во Шведска, а Дилета Леота неодамна се раздели со момчето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси

Евро-фудбал
Арсенал еден месец ќе биде без Салиба

Евро-фудбал
Нагелсман: Не стравувам дека ќе добијам отказ

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски
