
Наследниците на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона беа заинтересирани за неговото наследство, но од Италија доаѓа шокантна информација дека тој оставил долг од 26 милиони евра. Диего во Италија со години го избегнувал данокот додека бил фудбалер на Наполи, а сумата од година в година се повеќе се зголемувала.
На крајот достигна неверојатни 26 милиони евра, а адвокатите дури успеале и да го намали долгот кој бил за дополнителни 11 милиони евра поголем.
„Марадона долго време го игнорираше фактот дека должи пари за данок. Меѓутоа, неговата смрт не ги поништо долговите и тие се пренесуваат на неговите наследници“, тврдат италијанските медиуми.
Диего Марадона зад себе остави милиои во недвижности, накит и скапоцени автомобили, наследниците беа многу заинтересирани за поделбата на имот и почнаа вистинска „војна“, но оваа вест од Италија сериозни ги поремети нивните планови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
