
Германскиот репрезентативен голман и член на европскиот првак Баерн Минхен е избран за најдобар голман во изминатата деценија, според Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Чуварот на мрежата на баварскиот гигант доби најмногу гласови во жестока конкуренција на фантастични голмански имиња.
На втората позиција се најде Џанлуиџи Буфон, голманот на Јувентус, кој имаше куса одисеја и во Пари Сен Жермен, а беше и долгогодишен италијански репрезентативец. Третопласиран на листата на ИФФХС е Белгиецот Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид, кој претходно беше на голот на Челси и на Атлетико Мадрид.
Меѓу првите петмина се и францускиот репрезентативец и голман на Тотенхен, Хуго Лорис, и Кејлор Навас, Костариканецот кој го бранеше голот на Реал Мадрид и на ПСЖ. Потоа следуваат Јан Облак, Петр Чех, Марк Андре Тер Штеген, Давид де Хеа и Икер Касилјас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
