Манчестер Сити убедливо го совлада Кристал Палас со 4-0 на „Етихад“ и го прескокна Ливерпул на табелата со 35 бода, два помалку од градскиот ривал Манчестер Јунајтед, но и еден одигран меч помалку. Тимот на Пеп Гвардиола по подолг период потсети на времињата кога беше голгетерска машина.
Џон Стоунс го отвори резултатот со удар со глава по одличниот центаршут на Кевин де Бруин во 26.минута. На стартот од вториот дел Илкај Гундоган зголеми на 2-0, а Џон Стоунс уште еднаш се запиша меѓу стрелците во 68.минута. Во завршницата, Рахим Стерлинг го постави конечниот епилог на овој дуел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal