Интер успеа да го победи Јувентус на „Џузепе Меаца“ и направи голем чекор напред во трката за скудетото. Побегна на седум бода позитива во однос на „старата дама“, а се израмни со Милан на врвот на табелата во Серија А.
Тренерот Антонио Конте е задоволен и вели дека Интер одиграл тактички речиси перфектно.
„За да го победиш Јувентус, мораш да одиграш перфектно. Бевме навистина добри на ова дерби. Се подготвивме добро и најмногу од се ме радува фактот што фудбалерите ги исполнија сите поставени задачи. Овој триумф ни дава голема самодоверба за продолжението од првенството, патот што го зацртавме пред година и пол полека го одиме. Ние сме кандидати за освојување на шампионската титула“, изјави Антонио Конте.
Интер се израмни со Милан на врвот на табелата. Двата тима имаат по 40 бода, а „росонерите“ денеска го играат мечот против Калјари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













