
Јержи Брзечек, досегашниот селектор на фудбалската репрезентација на Полска, доби отказ пет месеци пред почетокот на Европското првенство. Тој го водеше националниот тим од јули 2018 година откако го замени на клушата Адам Навалка, по неуспешните квалификации за пласман на Светското првенство.
Полска беше одлична под раководство на Брзечек, доминантно се пласираше на Европското првенство, па оттаму и зачудува отказот за селекторот. Претседателот на федерацијата, легендарниот Збигњев Боњек, се решил на ваков чекор дури и без да ги информира најблиските соработници. Како што откриваат полските медиуми, потпретседателот Чежари Кулежа, за отказот дознал преку интернет.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
