
Милан се одлепи на врвот на табелата во Серија А со три бода позитива во однос на Интер по триумфот на гости против Калјари, а Златан Ибрахимовиќ ги постигна двата гола. Со тоа Швеѓанецот постави нов рекорд, игра фантастично иако навлезе во 40. година од животот.
Златан Ибрахимовиќ постигна гол и 23-та година последовно, а сега поентираше на девет натпревари по ред, за првпат во кариерата. Серијата ја почна минатата година на 29. мај против Сампдорија во претпоследното коло од минатиот шампионат, а се уште трае – со погодоците против Калјари.
Ибрахимовиќ на последните девет натпревари во Серија А постигна вкупно 15 гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
