Германскиот бундеслигаш Лајпциг сака да купи напаѓач од ривалот во осминафиналето на Лигата на шампионите, тимот на Ливерпул. Раководството на клубот сака да доведе белгискиот интернационалец Дивок Ориги со оглед дека тој планира да ја промени средината и да го напушти „Енфилд Роуд“.
Дивок Ориги сака да замине од Ливерпул за да може да се наметне за настап во фудбалската репрезентација на Белгија за Европското првенство. Кај Јирген Клоп има скромна минутажа, а Лајпциг му нуди одлични услови и преселба во квалитетната Бундес-лига.
Спортскиот директор Маркус Кроше најави дека Лајпциг нема да купува нови фудбалери во зимскиот преоден рок, но очигледно дека размислува за нов напаѓач. Покрај Ориги, во опција за ангажман се и Каспер Долберг од Ница и Келечи Иханачо од Лестер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













