Манчестер Јунајтед доживеа шокантен пораз од Шефилд Јунајтед (1-2) на „Олд Трафорд“ и го загуби првото место на табелата во Премиер – лигата од градскиот ривал Сити. Покрај лошото издание, менаџерот Оле Гунар Солскјер вели дека на поразот влијаеле и судиските одлуки при головите на противникот.
„Изненаден сум од поразот, бевме една од најконстантните екипи во последните неколку месеци. Ни недостигаше креативност, не создадовме доволно шанси, а противникот се бранеше одлично. Мора да се напомене дека и судиите направија две грешки кои директно влијаеа на мечот. Де Хеа беше фаулиран при голот на Шарп, а потоа неправедно ни беше поништен гол поради непостоечки прекршок над голманот“, изјави Оле Гунар Солскјер.
Манчестер Јунајтед викендов го очекува гостување на „Емирати“ и дуел со Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













