Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Милан, влегува во трка за ангажман на Даглас Коста. Фудбалерот кој се уште е под договор со Јувентус би можел да се врати во Италија и да потпише шестмесечен дил со Милан. Раководството на „росонерите“ се обидува да го засили ростерот на Стефано Пиоли во обидот по долги години да стигне до ново „скудето“.
Даглас Коста не се избори за место во стартниот состав на Баерн Минхен, европскиот првак го извести Јувентус дека нема намера да го откупи комплетно неговиот договор, па Милан сака да го врати назад во Италија.
„Росонерите“ се подготвени да го добијат на шестмесечна позајмица, а потоа да преговараат за дополнително останување на „Сан Сиро“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













