Connect with us

Проблеми за Атлетико Мадрид: Караско и Хермосо позитивни на коронавирус

Лидерот на табелата во Ла Лига, тимот на Атлетико Мадрид, се соочува со нови проблеми со коронавирусот. Двајца фудбалери од составот на Диего Симеоне имаат позитивни тестови на Ковид-19 и се префрлени во самоизолација. 

„Јаник Караско и Марио Хермосо покажаа позитивни тестови на Ковид-19“, извести Атлетико Мадрид. 

Белгискиот крилен играч Јаник Караско и централниот дефанзивец Марио Хермосо веднаш се префрлени во самоизолација и нема да бидат достапни за тимот во наредните десетина дена.

Атлетико Мадрид денеска му гостува на Кадиз, а во моментот има седум бода предност пред Реал Мадрид на врвот на табелата и два одиграни меча помалку. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови