Англискиот првак Ливерпул се соочува со нов голем проблем откако и Жоел Матип поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната. Тој има повреда на лигаментите на скочниот зглоб, а менаџерот Јирген Клоп потврди дека нема да биде подготвен за камбек до крајот на шампионатот во Премиер – лигата.
„За жал, добивме информација дека Матип ќе отсуствува до крајот на сезоната. Но, би требало да биде подготвен за претсезоната од следниот шампионат“, изјави Јирген Клоп.
Ливерпул ги загуби Вирџил ван Дајк, Џо Гомез, Жоел Матип и Фабињо, дури четворица фудбалери кои можат да одговорат на централните позиции во одбраната. Клоп затоа беше приморан да купува во зимскиот преоден рок. Дојдоа двајца дефанзивци, Бен Дејвис од Престон и Озан Кабак од Шалке 04.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













