Тифозите им порачаа да се смират и да се обединат, се во интерес на Рома. Капитенот Един Џеко по денешниот попладневен тренинг ќе има состанок со тренерот Пауло Фонсека на кој треба да биде присутен и генералниот директор на клубот, Тијаго Пинто. Тоа ќе бидат „мировни преговори“со оглед дека Џеко е исфрлен од тимот по жестоката кавга со Фонсека.
Босанецот бараше солуции и да го напушти „Олимпико“ во зимскиот преоден рок, беше на чекор до Фенербахче, но на крајот одлучи да остане во Рома. Сега сака и да се смири со тренерот Фонсека, да се извини и да се врати во тимот во пресрет на наредните предизвици.
Рома се наоѓа на третото место на табелата во Серија А со 40 бода, шест помалку од лидерот Милан и може да се вмеша и во трката за „скудетото“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













