Себастијан Халер, најскапото засилување во историјата на Ајакс, не се најде на списокот на пријавени фудбалери на клубот за настап во Лигата на Европа. Холандскиот клуб во јануари плати 23 милиони евра за да го доведе напаѓачот од Вест Хем, но тој не се најде на списокот на Ајакс за настап во Лигата на Европа. Рокот за пријавување истече во вторникот.
„Проверуваме што се случило. Разговараме со Фудбалската федерација на Холандија и со УЕФА за да се утврди кој ја направил грешката. Нејасно е ова што се случи“, коментираат од Ајакс.
Себастијан Халер веќе одигра шест натпревари за Ајакс и постигна два гола. На стартот од нокаут фазата во Лигата на Европа, Ајакс ќе игра против Лил.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski