
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити сака да го купи крилниот фудбалер на Баер Леверкузен, Леон Бејли, пренесуваат медиумите на Островот. Менаџерот Пеп Гвардиола смета дека тој одлично би се вклопил во играта на „граѓаните“ и подготвен е да плати 55 милиони фунти.
23 – годишниот интернационалец од Јамајка игра одлично во дресот на Баер Левекузен оваа сезона и се наоѓа на листата на желби на неколку големи европски клубови. За него се заинтересирани и Јувентус, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен.
Гвардиола ќе се обиде да биде најбрз и уште отсега да го договори доаѓањето на Бејли на „Итихад“ по завршувањето на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
