
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити е во интензивна потрага по нов напаѓач кој по завршувањето на сезоната треба да го замени Серхио Агуеро. Аргентинецот ќе замине од „Етихад“, потребна му е промена по цела деценија во дресот на „граѓаните“, а на Гвардиола му е потребен нов класичен голгетер со оглед дека во тимот ќе го има само Габриел Хесус.
Изборот падна на Ерлинг Халанд, норвешкото голгетерско чудо од Борусија Дортмунд кој има отштетна клаузула од 75 милиони евра, но доколку замине во јуни 2022 година. Манчестер Сити ќе се обиде да го купи една година порано и подготвен е да плати 115 милиони евра.
Раководството на „граѓаните“ има и конкретен план како да го привлече Халанд. Годишна плата од 24 милиони евра со што би бил еден од најплатените фудбалери во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
