Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд се подготвува за летна продажба на Ерлинг Халанд, а уште отсега се трага по неговиот наследник. Прв избор на раководството и на тренерот Един Терзиќ тоа би можел да биде Мемфис Депај.
Холанѓанецот игра во одлична форма во Лион, одлучи да остане во францускиот клуб и да се бори за титулата во француското првенство, а се наоѓа на листата на желби и на Барселона. Но, каталонскиот гигант е во голема криза и најверојатно неговото планирано заминување на „Камп Ноу“ отпаѓа.
„Милионерите“ планираат да го продадат Халанд, а можно е да замине и Џејдон Санчо, па Мемфис Депај би требало да биде лидер во нападот на „милионерите“ од следната сезона. Неговата вредност е околу 25 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













