Шампионот на Англија, тимот на Ливерпул, не доби дозвола од здравствените власти на Германија да патува во оваа земја на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Лајпциг кој е закажан за 16. февруари. Министерството за внатрешни работи на Германија одреди строга забрана за влез на територијата на Германија на сите кои доаѓаат од Велика Британија, без никаков „попуст“ ниту за професионалните спортисти.
Извесно е дека мечот ќе мора да биде одигран на неутрален терен, иако би можела да се случи и промена на домаќинството.
Германија забрани вез во земјата за сите кои доаѓаат од Велика Британија поради новиот сој на коронавирус, а доколку мерките останат на сила под прашање е и мечот меѓу Борусија Менхенгладбах и Манчестер Сити на 24. февруари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski