Уругвајскиот интернационалец Луис Суарез игра одлично во дресот на Атлетико Мадрид, а тимот на Диего Симеоне се наоѓа на лидерската позиција во Ла Лига. Барселона со неговото заминување како да си пукаше во нога, а Суарез конечно откри како бил избркан од „Камп Ноу“.
„Кога Барселона ми рече дека не смета веќе на мене, ми беше многу тешко. Не го очекував тоа. Беше посебно тешко и поради начинот на кој го сторија тоа. Ми се јави Куман на телефон и ми соопшти дека не сум во неговите планови. И толку. Потоа почнаа разговорите со Атлетико Мадрид и со тренерот Диего Симеоне, имаше и неколку други клубови кои беа заинтересирани, но сакав да ја донесам најдобрата одлука за мене и за семејството. Сега гледам дека не згрешив“, изјави Суарез.
Уругваецот постигна 14 гола на 16 натпревари откако го носи дресот на Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













