Connect with us

Реал Мадрид му постави краен рок за одлука на Серхио Рамос

Шпанскиот гигант Реал Мадрид му постави краен рок до март на капитенот Серхио Рамос да реши дали сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“. Претседателот Флорентино Перез долго води преговори со Рамос, но засега нема позитивен епилог. 

„Кралевите“ сакаат дефанзивецот да остане, но му нудат договор на една сезона со 10% намалување на платата. Тие услови не се прифатливи за Серхио Рамос.

Договорот на Рамос истекува во јуни и има најави дека Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен би го дочекале со раширени раце доколку одлучи да го напушти Реал Мадрид. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови