
Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Интер, Манчестер Јунајтед, Челси, Манчестер Сити, Пари Сен Жермен,м заговараат идеја за формирање на Европска лига во која би учествувале најголемите европски клубови и би го делеле сами колачот од заработката од едно такво гламурозно натпреварување. Но, УЕФА ќе се обиде да ја урне оваа идеја со реформирање на Лигата на шампионите. Новото натпреварување ќе се вик УЕФА Суперлига.
Претседателот Александер Чеферин најавува дека ЛШ ќе се реформира и прошири, наместо сегашните 32 ќе учествуваат 36 клуба во главната фаза по „швајцарски систем“ и би имало десет кола наместо сегашните шест. Новиот формат би требало да почне да се применува од есен 2024 година.
Англија, Италија, Шпанија и Германија би требало да имаат по четири загарантирани претставници во групната фаза, а и Франција треба да добие одредено зголемување на своите клубови. Сите 36 клуба би биле во една лига, а мечевите би се одредувале согласно позицијата што клубовите ја имале минатата сезона во домашните шампионати. Се очекува за две седмици УЕФА да ја соопшти во јавноста и првата драфт-верзија на новиот проект на ЛШ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
