Ѕвездата на италијанскиот калчолигаш Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ, ги подгреа шпекулациите за трансфер во Реал Мадрид. Тој во изјава за српското популарно телевизиско шоу „Вечер со Иван Ивановиќ“ потенцираше дека како дете сонувал да игра за „кралскиот клуб“.
„Уште од дете сонувам да играм за Реал Мадрид. Се надевам дека еден ден желбата ќе ми се оствари“, изјави одличниот играч за врска на Лацио.
Сергеј Милинковиќ Савиќ има актуелен договор до јуни 2024 година. За него покрај Реал Мадрид се интересираат и Пари Сен Жермен, Јувентус, Манчестер Јунајтед…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski