УЕФА поради проблемите со коронавирусот мораше мечот меѓу Лајпциг и Ливерпул да го премести во Будимпешта со оглед на строгите мерки за коронавирус и влез на странци во Германија. Слична ситуација се создава и во Шпанија, па виси натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Челси, кој треба да се одигра во шпанската престолнина.
Поради новиот сој на коронавирус, многу земји го ограничуваат влезот на странците, а посебно на лица кои доаѓаат од Островот. Токму поради ова најверојатно и Челси нема да може да игра во Шпанија. Атлетико Мадрид ќе мора да пронајде нова локација каде ќе го игра мечот, секако со согласност и од УЕФА. Една од солуциите е Букурешт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













