
Бруно Фернандеш се покажа како полн погодок за Манчестер Јунајтед, го засили составот од „Олд Трафорд“ претходната зима и се наметна како еден од најдобрите играчи за врска во Премиер – лигата. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе се обиде на истото место, во Спортинг Лисабон, да го побара наследникот на Мохамед Салах.
Египќанецот најави дека можеби ќе замине по завршувањето на сезоната, за него е заинтересиран Реал Мадрид, а Клоп гледа одлична зделка во евентуалниот ангажман на Педро Гонсалвеш од Спортинг Лисабон.
Младиот крилен напаѓач дојде минатото лето од Фамаликао за 6 милиони евра и блесна оваа сезона во полн сјај. Тој досега постигна 14 гола на 15 натпревари во дресот на „лавовите“ од Лисабон и го сврте кон себе вниманието на големите европски клубови.
Спортинг Лисабон има договор со Педро Гонсалвеш до 2025 година, а откупната клаузула изнесува 60 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
