Connect with us

Ентони го одбил Баерн Минхен за да го одржи зборот кон Бетис

Ентони го избрал Бетис, пред Баерн Минхен. Можеби звучи и брутално, но за поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, клубот каде ја оживеа кариерата имал предност пред сите други.
Бразилецот во интервју за „Глобо“ откри дека кон крајот на летниот преоден рок имал понуда од Баерн Минхен, но ја одбил поради даденото ветување – кон Бетис.


„Баерн се обиде да ме донесе во последните 24 часа од летниот преоден рок. Компани лично ме побара, разговаравме и ми рече дека е мој голем фан. Но, јас веќе имав дадено збор на Бетис и не можев да ги изневерам. Бетис за мене значи среќа“, откри Ентони.


Бетис летово го откупи Бразилецот од Манчестер Јунајтед за 22.000.000 евра, при што англискиот клуб задржа значаен процент од неговата иднина продажба.


Ентони во Јунајтед го донесе Ерик тен Хаг во летото 2022 година за 95.000.000 евра, но тој не успеа да се снајде и не ги исполни очекувањата, па Рубен Аморим го испрати на позајмица во Бетис.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови