Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е во се полоши односи со раководството на Ливерпул. Пријатните мигови од минатата сезона завршија, одбраната на шампионската титула изгледа речиси недостижна, а стратегот бара засилувања за дефанзивниот дел со оглед дека во моментот е најранлив дел од тимот.
Клоп побарал од челниците на Ливерпул да го доведат Калиду Кулибали, дефанзивецот на Наполи, во зимскиот преоден рок. За него требало да се одвојат околу 90 милиони евра и Ливерпул да добие супер-засилување во трката со Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед за трофејот во Премиер – лигата. Но, добил негативен одговор и тоа направило голема тензија.
Ливерпул мораше да се снаоѓа и доведе двајца одбранбени фудбалери кои се под калибарот на клубот, Бен Дејвис и Озан Кабак.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













