Аталанта е вториот финалист во Купот на Италија и ќе ги одмери силите со Јувентус. Тимот од Бергамо го совлада Наполи со 3-1 на домашен терен и се пласира во финалето откако првиот меч во Неапол заврши без голови. Елмас и „наполитанците“ остануваат без трофејот.
Македонскиот репрезентативец играше едно полувреме на овој меч, а Аталанта многу брзо дојде до водство од 2-0. Дуван Запата во десеттата минута и Матео Песина шест минути подоцна донесоа предност за домаќинот.
Ирвинг Лозано на почетокот на вториот дел намали на 2-1, но Матео Песина со својот втор гол во 78.минута ги разреши дилемите околу патникот во финалето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













