Бразилскиот ас Нејмар му задава нови маки на тренерот Маурисио Покетино во пресрет на првиот дуел од нокаут фазата во Лигата на шампионите против Барселона. Тој заработи повреда на куп-натпреварот против Каен и беше заменет во 64.минута.
Нејмар веднаш замина во соблекувалната, па иако Покетино истакна дека не се работи за сериозна повреда, сепак, јасно е дека се кријат картите пред пресметката со Барселона во елитното европско клупско натпреварување. Нејмар има повреда на бутниот мускул, но за каков степен на повреда се работи ќе биде утврдено по деталните лекарски прегледи.
Пари Сен Жермен во вторник (16 февруари) треба да гостува на „Камп Ноу“ во првиот меч од нокаут фазата во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













