Францускиот интернационалец Антони Марсијал би можел по завршувањето на сезоната да го напушти „Олд Трафорд“, тврди весникот „Манчестер ивнинг њуз“. Крилниот напаѓач игра се помалку во тимот на Оле Гунар Солскјер. По доаѓањето на Единсон Кавани, јасно е дека Марсијал стагнира и неговиот голгетерски ефект е се помал.
За споредба, минатата сезона Марсијал беше најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед со 23 постигнати гола. Тој во вторникот против Вест Хем го одигра 250. натпревар во дресот на „црвените ѓаволи“, но неговата иднина во клубот апсолутно не е сигурна. Солскјер преферира да го користи Кавани како централен напаѓач, а по крилните позиции да играат Маркус Рашфорд и Мејсон Гринвуд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













